Во Секторот за внатрешни работи Велес завчера била пријавена тепачка во верски објект, пренесува порталот ПлусИнфо.
Првиот инцидент се случил околу 15:30 часот во дворот на верски објект во Велес. Според информациите од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, по кратка расправија, 70-годишниот Д.Б. од Велес, вработен во верскиот објект, физички ја нападнал 66-годишната Н.Р. од Велес. Потоа, Д.Б. бил физички нападнат од 66-годишниот И.Л. и од 34-годишниот С.Л., двајцата од Велес.
Случајот е документиран, и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.



