На фејсбук профилот на Единицата за брзо распоредување беше споделена фотографија и натпис во кои се истакнува како нивните припадници неуморно се борат со пламенот во реонот на Јасен.
„Припадниците на Единицата за брзо распоредување и денес неуморно се борат со пламенот во реонот на Јасен. Цел ден на терен, со колегите и со останатите служби, тие ја ставаат својата сила, знаење и храброст во заштита на природата и безбедноста на граѓаните. Нивната посветеност и пожртвуваност се најголемата инспирација и доказ дека вистинските херои носат униформа. Благодарност до сите што се борат со огнената стихија, се вели во Фејсбук статусот на Единицата за брзо распоредување.



