Граѓани и студенти се собраа во неколку градови низ Србија, а инциденти се забележани во Нови Сад и Белград, кога собраните граѓани повторно беа гаѓани со пиротехнички средства, пренесува Н1.
Новинарите Никола Билиќ од новосадскиот портал 192 и Жарко Богосављевиќ од порталот „Разглас“ беа повредени во инциденти во Нови Сад вечерва. Билиќ беше претепан, а Богосављевиќ беше удрен во главата со палка. Симпатизерите на Српската напредна партија се од едната страна на булеварот Ослободување, додека граѓаните се од другата.

Судир меѓу полицијата и граѓаните се случи во Нов Белград. Беше тензично на улицата Џон Кенеди, објавува новинар на Н1, граѓаните ја нападнале жандармеријата, навредувајќи ги, а бил испукан и солзавец.



