85-годишен возач вчера се забил во паркирано „БМВ“ со германски таблички во тетовското село Доброште, при што е тешко повреден, соопшти МВР.
„На 12.08.2025 околу 16:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, во с.Доброште, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(85) од с.Доброше, удрило во паркирано патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, паркирано од А.С.(28) од с.Палатица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ф., констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид извршила екипа од СВР Тетово“, велат од полицијата.



