На веб-страницата за јавни набавки денес е објавен дел од рамковна спогодба за набавка на кафе од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата во вредност од 3.422.000 денари или 56 илјади евра.

Огласот е објавен на 10.06.2025 година, а во тендерската документација е појаснето дека времетраењето на договорот е една година.

СОЗР набавува црно кафе, еспресо, филтер кафе, капучино и слично.





