Претепан српски пратеник во Белград!

Партијата за слобода и правда објави на социјалната мрежа X дека нејзиниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил претепан на протест во Белград.

„Шефот на пратеникот на Партијата за слобода и правда Пеѓа Митровиќ бил претепан од тепачите на Српската напредна партија. Тој бил удрен во главата со шипка и неколку пати по телото. Моментално е на пат кон болница“, објави ССП.

Протести се одржуваат и вечерва низ цела Србија. Поддржувачите на Српската напредна партија испукаа пиротехнички средства низ жандармеријата кон граѓаните, во близина на Генералштабот, објави репортер на Н1.

Пронајдете не на следниве мрежи: