До 13 часот активни три пожари, еден под контрола, известуваат од ЦУК

На ден 15.08.2025 година, до 13:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 4 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, 1 е под контрола, а изгаснати – нема, информираат од Центарот за управување со кризи.

АКТИВНИ: 3

1. Општина Македонски Брод 1: Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума);

2. Општина Јегуновце: помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта);

3. Општина Долнени: помеѓу селата Лажани и Средорек (ниска вегетација и стрниште).

ПОД КОНТРОЛА: 1

1. Општина Македонски Брод 2: с. Девич – с. Грешница (ниска вегетација).

Пронајдете не на следниве мрежи: