Министерството за внатрешни работи соопшти дека не води никаква постапка против Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциската комисија и актуелна кандидатка за градоначалничка на Центар.
„За сите пријави и постапки кои што ги води Обвинителството, тоа е единствено надлежно за одговори во врска со истите“, велат од МВР.
Инаку, Ивановска денеска соопшти дека 11 часа откако ја објавила нејзината кандидатура за градоначалничка за Центар полицајци и затропале на врата поради поднесена кривична пријава.



