За една година, од јули лани до крајот на јули годинава, зеленчукот поскапел за драстични 63,3%, а кај овошјето, растот изнесува 33,2 отсто. Вината во изминатава година поскапеле за 18 проценти, пресметал Државниот завод за статистика.
Според овие податоци, цените на житата и оризот се зголемиле само за 2,2%, а на компирот за 7,1% на годишно ниво.
Статистика бележи вкупен годишен раст на цените на растителното земјоделското производство од 39,9%, додека кај добиточната храна тој раст изнесува 6,5%.
Намалување на цената од 5,7% има кај енергијата, за 1,4% кај средствата за заштита на растенијата, како и кај семињата од 0,3% и кај ѓубривата од 0,6%, пишува во соопштението од ДЗС.



