Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека не знае каков би бил успехот на неговиот претстоен самит со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во воената база Елмендорф-Ричардсон, но дека очекува да се постигне прекин на огнот.
„Не можам точно да ви кажам каков би бил успехот. Не знам. Ништо не е зацртано. Сакам одредени работи. Сакам прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите за време на летот на „Ер Форс Уан“.
Тој додаде дека сака прекин на огнот да се постигне што е можно поскоро.
„Нема да бидам задоволен ако тоа не се случи денес“, рече американскиот претседател, пренесува Ројтерс.
Според него, Европа и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе бидат вклучени во разговорите.



