четврток, 12 ноември 2026
Најново

Хилари Клинтон: Би го номинирала Трамп за Нобелова награда за мир

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон денес изјави дека би го номинирала американскиот претседател Доналд Трамп за мир доколку тој ја прекине војната во Украина.

Таа го изјави ова во пресрет на средбата меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, која започна вечерва во Алјаска, и додаде дека тоа е нешто што Трамп го посакувал долго време и за кое изразил незадоволство бидејќи не го добил, пренесува ABC News.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Ако можеше да ја прекине руската војна без да ја стави Украина во позиција каде што мора да ја отстапи својата територија на агресор. Тој не се среќава со пријател. Тој се среќава со противник, и тоа со противник кој сака да види уништување на САД и западниот сојуз“, рече Клинтон во подкастот „Raging Moderates“.

Поврзани вести