ЈП Водовод и канализација – Скопје информираа дека спроведуваат акција за откривање на нерационално користење на водата на територија на град Скопје.
– Нерационалната и неконтролирана употреба на водата придонесува до исцрпување и нарушување на системот за водоснабдување, што предизвикува намален притисок и повремени прекини во делови од градот. Во текот на акцијата беше апелирано до граѓаните да се придржуваат до советите за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, прскање на улици и непотребно трошење на водата, евлат од претпријатето.
Додаваат дека продолжуваат континуирано да работат во насока на одржување и заштита на водоснабдителниот систем.



