За време на телефонскиот разговор со Владимир Зеленски и европските лидери, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да одржи трилатерален состанок со рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски на 22 август, објави Axios, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.
„Тој (Трамп) им кажа и на европските лидери во телефонскиот разговор по самитот (во Алјаска) дека сака да организира трилатерален состанок со Путин и Зеленски уште следниот петок (22 август)“, објави порталот. Порано денес, CNN, повикувајќи се на европски функционер, објави дека Европската унија верува дека американскиот лидер Доналд Трамп, по неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин, верува дека рускиот лидер не е против идејата за трилатерален состанок. Според каналот, на потенцијалниот состанок ќе присуствуваат Путин, Трамп и Владимир Зеленски.



