43-годишниот скопјанец, за кого полицијата минатиот месец извести дека дивеел и со нож нападнал двајца вработени во хотел во Охрид, доби кривична пријава за обид за убиство, соопшти полицијата.
Од МВР сега наведуваат верзија на настаните различна од онаа што ја соопштија ден по инцидентот. Насилникот, според новото соопштение на МВР, нападнал еден жител на Скопје, по што бил совладан.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 25.07.2025 во хотел на охридското крајбрежје во Охрид, тој физички нападнал жител на Скопје, при што употребил и нож, по што набргу бил совладан и лишен од слобода.



