Воените лидери на НАТО утре на состанок – главна тема состојбата во Украина

Воените лидери на НАТО утре ќе одржат состанок на кој главна тема ќе биде ситуацијата во Украина и следните чекори на алијансата, пренесе Ројтерс повикувајќи се на функционери од САД и НАТО.

Американски официјален претставник, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека се очекува американскиот генерал Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили, да учествува виртуелно, но не исклучи можни промени во плановите. Пентагон засега не даде коментар.

Станува збор за редовен состанок на ниво на началници на генералштабови, свикан од претседателот на Воениот комитет на НАТО.

Според друг функционер на алијансата, врховниот воен командант на НАТО, Алексус Гринкевич, ќе ги информира учесниците за резултатите од неодамнешната средба во Алјаска меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Пронајдете не на следниве мрежи: