Валенсија ќе го пушти Димитриевски, но му порача сам да си најде нов клуб

Шпанскиот прволигаш Валенсија и Столе Димитриевски немаат баш успешна и плодна соработка. 

Македонскиот голман минатото лето се пресели на „Местаља“ со големи амбиции, да го наследи местото меѓу стативите од Ѓорѓи Мамардашвили. Сепак, ситуацијата се смени кога клубот иако го продаде Грузиецот во Ливерпул, се договори да го задржи уште една сезона. Така Димитриевски цела сезона беше на маргините и остана во сенка на Мамардашвили. 

Проблем е тоа што дури и по заминувањето на грузискиот голман, тренерот Карлос Корберан побара и доби од клубот нов „прв голман“ во името на Јулен Агирезабала кој пристигна од Атлетик Билбао на позајмица со право за откуп. 

Тоа го става Димитриевски во незавидна позиција, со загарантирано место на резервист и ризик за уште една сезона надвор од терените. Долго се шпекулираше дека Македонецот е на мета на повеќе европски клубови, но засега нема ништо конкретно. Според шпанските медиуми Валенсија е отворена да го пушти Столе да замине, меѓутоа му порачала сам да си пронајде клуб кој ќе испрати понуда, а тие ќе ја прифатат ако е задоволувачка.

Извор: Гол.мк

Пронајдете не на следниве мрежи: