Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, најави дека Македонија започна со работа во Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст – алатка од Планот за раст за Западен Балкан, која ќе донесе конкретни придобивки, особено во енергетскиот сектор.Преку ова тело ќе се обезбеди институционална координација за навремено искористување на европската финансиска и техничка поддршка. Божиновска потенцираше дека граѓаните ќе имаат корист од поевтин роаминг, побрз и посигурен транспорт, подобра дигитална поврзаност, како и посигурна и поодржлива енергија.,,Овој инструмент е директна поддршка за Македонија на патот кон побрзо интегрирање во европското енергетско семејство и европскиот стандард на живот,“ изјави Божиновска, истакнувајќи дека енергетската транзиција е една од клучните области на европската агенда.
Пронајдете не на следниве мрежи:



