Зеленски обвинува дека Путин избегнува средба, Лавров вели не се планира оти нема агенда

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека не е планирана средба меѓу претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин, односно Володимир Зеленски. Таквиот негов коментар ги подгреа сомнежите во напорите на претседателот Трамп за самит за завршување на војната.

Зеленски ги отфрли тврдењата на Русија дека и неа ѝ се потребни гаранции. Тој ја обвини Москва дека се обидува да избегне разговори со Украина и покрај напорите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Пронајдете не на следниве мрежи: