Наколната населба доби највисок сертификат за успешност, кој го доделува светски познатиот веб-портал.Музејот на вода во Охрид кој се наоѓа во близина на автокампот Градиште, на локацијата која познатиот археолог и негов творец, Паско Кузман ја нарече Мичов Град, по името на нуркачот од Охрид што го откри, се здоби со највисок сертификат за успешност кој го доделува светски познатиот веб-портал “Трипадвајзор” (“Tripadcisor”). Според Министерството за култура, овој музеј се смета за најпосетуваната туристичка дестинација на брегот на Охридското Езеро, а од отворањето во 2008 година го посетиле повеќе од 200.000 туристи од земјата и светот. “Трипадвајзор” се смета за најголема туристичка заедница во светот, а доказ за нејзината успешност се повеќе од 32 милиона активни членови и повеќе од 100 милиони прегледи, мислења и критики поврзани со посетата на културно-историските споменици, хотели, ресторани и други атракции низ светот, пишува Утрински.
Музејот на вода е една од капиталните инвестиции на Владата, односно на Министерството за култура, а делува под надлежност на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид. Тој е единствен музеј од ваков вид на Балканот и претставува реконструкција на живеалиште од железното и бронзеното време. Комплексот содржи комплетно уредени 24 праисториски куќички, две обновени плажи, театарски простор со сцена за изведба на камерни претстави, 11 нови бунгалови на парковно уредените простори и пристаниште.Музејот на вода во Охрид кој се наоѓа во близина на автокампот Градиште, на локацијата која познатиот археолог и негов творец, Паско Кузман ја наре