Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес повтори дека земјата стои заедно со Украина во нејзината војна против Русија, нагласувајќи дека Москва не е заинтересирана за мировни преговори.
„Интензивните напади од синоќа врз Киев покажуваат кој е на страната на мирот, а кој нема намера да верува во преговарачкиот процес“, рече таа во објава на мрежата X.
Таа додаде дека ги поддржува украинскиот народ, цивилите и семејствата на жртвите по „бесмислените“ руски напади.
Најмалку 17 лица, меѓу кои и четири деца, беа убиени во руското бомбардирање на Киев, пренесува Танјуг.



