Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески попознат под прекарот Пеката бил нападнат вчеравечер во центарот на Прилеп, дознаваме од очевидци.
Имено според нашите информации причините за кавгата биле претходни недоразбирања со лицето кое го нападнало пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ристески како што дознаваме долго време му се одмаздувал на угостителот користејќи ја општината да му наштети на неговиот бизнис за целиот конфликт да ескалира во текот на вчерашната вечер со физички напад врз пратеникот.
Неофицијално Петар Ристески добил неколку шамари во центарот на градот за што постојат голем број очевидци.
Ристески веројатно ќе остане запаметен во Прилеп и во Македонија како е еден од најнепуларните пратеници на сите времиња.



