Франција и Германија ќе обезбедат дополнителна опрема за воздушна одбрана на Украина

Франција и Германија ќе обезбедат дополнителна опрема за воздушна одбрана на Украина по „масовните“ руски воздушни напади во последните денови, изјавија двете клучни членки на ЕУ во заедничка изјава, објави АФП.

„Франција и Германија ќе обезбедат дополнителна воздушна одбрана за Украина“, се вели во соопштението, издадено откако германскиот канцелар Фридрих Мерц ја посети Франција, чиј домаќин беше претседателот Емануел Макрон.

„И покрај интензивните меѓународни дипломатски напори, Русија не покажува намера да ја прекине својата агресивна војна против Украина.“ Руски ракети и беспилотни летала погодија станбени блокови во Киев во најсмртоносниот напад врз главниот град во последните месеци, при што загинаа најмалку 23 лица, вклучувајќи четири деца, а околу 50 беа повредени. Двете земји додадоа дека Франција – единствената нуклеарна сила на ЕУ – и Германија ќе отворат „стратешки дијалог“ за нуклеарно одвраќање со оглед на заедничките безбедносни предизвици. Целта е да се развие „заедничка стратешка култура“ и дополнително да се усогласат безбедносните и одбранбените цели и стратегии, рекоа тие. Нуклеарното одвраќање останува „фундаментален столб“ на безбедноста на НАТО.

Пронајдете не на следниве мрежи: