Претседателот на опозицијата Д-р Венко Филипче, изнесе податок дека во првата половина на 2025 година, странските инвестиции се преполовени за разлика од 2024 година, кога СДСМ беше на власт. Тој додава дека секојдневно пропаѓа митот за наводната економска способност на ВМРО – ДПМНЕ
„Во првата половина од 2025 странските инвестиции се преполовени во однос на првата половина од 2024, кога СДСМ беше на власт. Со овој податок пропаѓа и последната излитена пропаганда на власта, дека во Македонија се случува инвестициски бум.
Секојдневно пропаѓа и митот за наводната економска способност на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ниту еден економски параметар во кој оваа влада не е барем двојно послаба од владата на СДСМ.“ – пишува во објавата на претседателот на СДСМ, Д-р Венко Филипче.



