Бадентер и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата, вели вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити Меџити.
Ние сме во кампања за локални избори и треба да се занимаваме со проблемите на граѓаните. Кога ќе дојдат парламентарните избори, ќе се занимаваме и со тие теми. Што се однесува до изјавите на Димитриевски, веројатно тој се занимава со филмови од пред 2001 година. Тие филмови завршија. Бадентеровото мнозинство и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата. Тоа е иднината. Сe друго е стар филм и дел од минатото, изјави Меџити во одговор на изјавата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој рече дека Бедентеровото правило во одредени моменти ја доведува во прашање функционалноста на државата.
Според Меџити, почитувањето на Охридскиот рамковен договор и механизамот на Бадентер останува основа за меѓуетничка еднаквост и стабилност на земјата.



