Пратеничката Јована Мојсоска објави фотографии од клиничкиот центар во Битола.
– За колапсот на македонското здравство во “четвртата економија во Европа”. Ова се слики што ми ги пратија од клиничкиот центар во Битола (кој не ни исполнуват услови за клинички центар поради игнорантниот однос кој властите со децении го негуваат). Но, далечна е бедата и мизеријата на јавното здравство за политичките елити кои безобразно трошат баснословни суми за службени возила и аспарагуси.- напиша Мојсоска на Фејсбук.






