На ден 30/31.08.2025 година, до 10:00 часот на територијата на Р.С. Македонија има вкупно 4 пожари на отворен простор кои се под контрола и 54 изгаснати пожари.
Под контрола: 4
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);
2. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар);
3. Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума);
4. Општина Делчево: градска депонија (депонија).



