Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека е подготвен војната во Украина да трае уште долго, бидејќи, како што рече, војните најчесто завршуваат со воен пораз или економска исцрпеност – сценарија што во моментов не се на повидок.
„Се прават дипломатски напори за што поскора да заврши војната, но тоа не може да биде по цена на капитулација на Украина. Во таков случај, Русија би се свртела кон друга земја“, изјави Мерц.
Неговите изјави доаѓаат еден ден пред истекот на рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп за средба меѓу лидерите на Русија и Украина со цел отворање пат кон мировни преговори,.



