МВР го реши проблемот: Бројот 192 повторно проработи

„Телефонската линија 192 повторно е во функција

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните можат да го користат за било каква пријава или информација.

За истата намена редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат.“ – пишува во соопштението на Министтерството за внатрешни работи.

Претходно денес од МВР известија дека во Скопје има технички проблем со линијата за итни повици 192 и ги насочија граѓаните кои имаат нешто да пријават да се јават на 112.

Пронајдете не на следниве мрежи: