На ден 31.08.2025 година на територија на Македонија до 20:30 часот, има вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои 2 се под контрола, а 13 изгаснати. Моментално нема активни пожари, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под Контрола се пожарите во Гевгелија на планината Кожуф и во Македонски Брод, Повеќенаменското подрачје Јасен.
Изгаснати се пожарите во Општина Гази Баба, Депонијата Вардариште, Делчево, градска депонија, Општина Ѓорче Петров, кај Лепнец; Општина Сарај, кај езеро Треска и Општина Центар, Кеј 13 Ноеврми каде што горело ѓубре. Во Илинден, с. Миладиновци, ниска вегетација а, кај индустриската зона Бунарџик горело патничко возило и ниска вегетација; Куманово кај филтер станица ниска вегетација. Изгаснат е и пожарот во Кавдарци, с. Фариш, во Гостивар и с. Десово каде што гореше ниска вегетација и во с. Боговиње дива депонија.



