Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, како што стојат работите, ги „изгубиле“ Русија и Индија поради зајакнувањето на нивните односи со Кина и им посака на трите земји „просперитетна заедничка иднина“.
„Се чини дека ги изгубивме Индија и Русија и ги оставивме на длабоката и мрачна Кина. Им посакувам долго и просперитетно патување заедно“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth.
Американскиот претседател објави и заедничка фотографија од рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди заедно со текстот.



