четврток, 12 ноември 2026
Најново

Гужви на границите со Грција за продолжениот викенд

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За продолжениот викенд на граничните премини се чека и до еден час. На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта се забележуваат колони возила на граничниот премин Богородица кон Грција. Колони возила има и на граничниот премин Меџитлија.

На граничниот премин Табановце утринава за влез и излез од земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека од 40 минути до еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Поврзани вести