Има план за приватизација на јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена Скопје“, истакна во гостување на Канал 77 кадидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.
– КХС ќе стане јавно-приватно партнерство и ќе депонираме во приватна депонија доколку го направиме истиот избор во октомври!
Според наши информации, веќе се спрема теренот за ваков епилог, во спрега помеѓу нашите олигархиски партии и поединец со австриско потекло кој е близок до неколку организации во Македонија. – истакна Мециновиќ.



