Јакимовски: Старата општинска барака на Карпош стана привремена градинка за 150 дечиња

Старата општинска барака на Карпош стана привремена градинка за 150 дечиња, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Општинска барака – привремена градинка за нашите најмали!

Вчера го ставив последниот потпис во старата општинска барака и ја предадов како привремена градинка за 150 дечиња.

Седум занимални, седум спални, кујна, мали шољички и цицибани – сè што им е потребно на нашите најмали жители.

Новата градинка „Мајски цвет“ ќе биде готова за само 8 недели – а до тогаш, ова е нивниот привремен дом за игра, учење и радост.

Карпош секогаш се грижи – и за сегашноста, и за иднината на најмладите! – вели Јакимовски.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: