Нов Марш за ангелите попладнево во Кочани. Родителите бараа одговори од Обвинителството до каде е истрагата за осомничените полицајци меѓу кои и оние кои беа во дискотеката на кобниот 16 март.
Обвинителството во меѓувреме поднесе нов обвинителен акт за сопственикот на агенцијата што ја обезбедувала дискотеката. Протестниот марш изминативе две недели почна еден час порано од предвиденото време.



