(Видео) Штетата е во 10тици милиони евра, за среќа нема повредени – детали за пожарот во фабриката Макпрогрес

Голем пожар изби во фабриката “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“. Во моментов со огнот е зафатен еден погон а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони.

На помош тргнаа пожарникари од Штип, Св. Николе, Струмица и Пробиштип.

Информациите на Инфомакс велат дека штетата во фабриката се брои во 10тици милиони евра со тоа што некои неконзервативни проценки велат дека штетата достигнува и до 50 милиони евра.

Неофицијално речиси целата фабрика била зафатена од големиот пожар.

Исто така неофицијално нема повредени од пожарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: