После продолжениот викенд, на границите километарски колони за влез во Македонија

По продолжениот викенд, Македонците вечерва се враќаат дома, со што на границите има голем застој и гужва.

Според информациите кои ги доби редакцијата на Инфомакс, на Граничниот премин Меџитлија за влез во државата има колона на возила долга околу 2 километри.

Претходно денес во српската Фејсбук група „Пат до Грција“ беше споделена фотографија со Вибер порака, во која се вели дека гужвите на Евзони и Дојран само што започнале.

Според напишаното во пораката, се очекува зголемен број на возила, а веќе има колона возила па на Евзони се чека од 50 до 70 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: