Апасиев: Колку треба да си малодушен да изјавиш дека Македонија немала капацитет за рециклирање?

Пратеникот Димитар Апасиев ја коментира изјавата на Мицкоски дека Македонија нема капацитет за рециклирање.

– Колку треба да си ситнодушен и МАЛОДУШЕН политичар без визија, па да изјавиш дека Македонија немала капацитет за рециклирање – а да не знаеш дека уште во време на Југославија оваа држава имала и топилница, и стаклара, и компостара, и картонажа… кои можеле да го преработат речиси сиот отпад од амбалажа во малопродажба. Ах бре #Мицика, Мицика, освен за тендери за друго не те бива. – напиша Апасиев на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: