Кремљ: Не треба да очекуваме брзи резултати во преговорите со Украина

Не треба да го гледаме светот низ розови очила и да очекуваме брзи резултати од преговарачкиот процес во врска со Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во исто време, Песков повтори дека Русија останува подготвена да бара решенија за кризата по мирен пат. Според него, сега може да се каже дека има пауза во контактите меѓу Русија и Украина на ниво на преговарачките групи.

Пронајдете не на следниве мрежи: