“СТОП ЗА ВАРДАРИШТЕ“ – Вечерва уште еден масовен протест во Аеродром!

Вечерва, шести ден по ред жителите на Аеродром протестираат против загадениот воздух и смрдеата која се шири низ повеќе Скопски општини, поради пожарот во депнијата Вардариште и Дрисла

„Сакаме воздух!“, извикуваа учесниците, кои од крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и вечерва маршираа до пред зградата на општината. 

Децата беа најбројни и најгласни. Гордо ги носеа транспарентите, што претходно сами ги напишаа.

„1 од 9 деца умираат од загаден воздух“, „Дојди на блокади – аир (air) да видиш“, „Премиерот дише ист воздух или има друг“, се дел од транспарентите кои ги носеа децата и возрасните. 

Пронајдете не на следниве мрежи: