четврток, 12 ноември 2026
Најново

(ВИДЕО) Чадот од отпадот кој гори во „Нула Отпад-Скопје“ може да биде фатален по животот на луѓето!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Покрај пожарите во депониите „Вардариште“ и „Дрисла“, денеска гори и фабриката за рециклирање на отпад „Нула Отпад-Скопје“ во Трубарево.

Според информациите кои ги има на нивната официјална страна, горењето на отпадот кој тие го складираат може да биде фатален по здравјето на луѓето.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Зголеменото количество тешки метали во човековиот организам предизвикува главоболка, абдоменални тешкотии, епилептични напади, деформација на коскениот систем, остеопороза, стерилитет, рак, кома, па дури и смрт. Во многу случаи отпадот се гори на депонија или во печки (инцениратори), а кога се горат металите, тие се концентрираат во пепелта што настанува при согорувањето, а навлегуваат и во атмосферата преку гасовите кои што се испуштаат од оџаците.

Проблемот е сериозен, последиците фатални!“ – пишува на нивната официјална страна.

Дали после овој пожар ќе се преземат некои мерки и загадувањето ќе се сфати сериозно или повторно ќе остане само визуелно?

Поврзани вести