четврток, 12 ноември 2026
Најново

Марковски: Скопје доживува клиничка смрт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски, остро реагираше на состојбата со загадувањето и депониите во главниот град, оценувајќи дека градот се наоѓа во „клиничка смрт“.

„После вчерашната поддршка на граѓаните од населбите Аеродром и Ново Лисиче кои, заедно со сите нас, систематски се трујат во гасната комора на неодговорноста, можам само уште еднаш да констатирам дека нашето Скопје доживува клиничка смрт од која можат да го спасат единствено докажани независни експерти во своите области,“ напиша Марковски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој предупреди дека политиканството може само дополнително да го уништи градот, споредувајќи го со „инекција за еутаназија“.

„Потребни се итни, конкретни мерки за трајно решавање на проблемот со новото и постојното ѓубре – болни, но современи и долгорочни решенија без манипулативен популизам. Нема лесни и ефикасни решенија за долготрајно наталожени проблеми,“ порача независниот кандидат.

Поврзани вести