четврток, 12 ноември 2026
Најново

Синоќа горела и депонијата Дрисла – дел од механизацијата која работеше таму префрлена во Трубарево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пожарот на депонијата Дрисла повторно се активирал во текот на ноќта, а го гаснела една екипа на скопската противпожарна бригада. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека огнот бил изгаснат и не го зафатил влажниот дел од тлото.

„Состојбата на Дрисла е стабилна, пожарникарите го изгаснаа огнот, а денеска ќе продолжи опожарениот дел да се затрупува со земја“, вели Ангелов.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој информира дека во изминатите денови половината од локацијата на депонијата каде што има чадење и повремени пожари е затрупана со земја. Дел од механизацијата што работеше во Дрисла во текот на вчерашниот ден била префрлена во Трубарево, а денеска ќе се врати за да продолжи со затрупувањето на депонијата.

Поврзани вести