четврток, 12 ноември 2026
Најново

Поради пожарот во Трубарево, од утре онлајн настава за четири училишта во Гази Баба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.

Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови“, се вели во соопштението од МОН.

Поврзани вести