четврток, 12 ноември 2026
Најново

Страв кај Германците: 62% се плашат од руски напад врз НАТО, мнозинството бара казнени мерки против Москва

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според најновата анкета, мнозинството Германци се загрижени за можен напад на Русија врз земји-членки на НАТО, како Полска или Литванија. 62 отсто од анкетираните изразиле страв, додека 28 отсто не го делат овој страв, а 10 отсто не дале конкретен одговор.

Анкетата следи по неодамнешниот руски напад врз Украина и навлегувањето на дронови во полскиот воздушен простор, кое предизвика интервенција на НАТО-силите. Воени извори предупредуваат дека не е јасно дали ова бил случаен инцидент или тест на одбраната на Алијансата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Истовремено, мнозинството Германци поддржуваат построги економски мерки против Русија: 49% сметаат дека треба веднаш да се прекинат сите испораки на руски гас и нафта за ЕУ, додека 51% сметаат дека замрзнатите руски средства во ЕУ треба да се користат за поддршка на Украина.

Поврзани вести