четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јовановска: Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје избегаа од вонредната седница на која требаше да се расправа за состојбата со пожарите во Вардариште и Дрисла!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

*Фејсбук статус на Катерина Јовановска

Откако се изгласаа извештаите и програмите за средните училишта во Скопје и на дневен ред дојде точката за Вардариште и Дрисла после дискусијата на неколку советници, Претседавачот на Советот Страшо Ангеловски најпрво даде пауза од десет минути, а по паузата кога требаше да се продолжи со дискусија за овој проблем кој што во моментов најмногу ги тангира Скопјани, Ангеловски ја прекина седницата со образложение дека не е присутна Градоначалничката, по што советничката група на ДПМНЕ ја напушти седницата, со што снема кворум за работа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сакам да ги прашам колегите советници од ДПМНЕ, дали приметија дека Граначалничката од самиот почеток на седницата не беше присутна и зошто уште веднаш не ја прекинаа седницата , ако тоа им беше изговорот, туку ја прекинаа токму кога требаше да се дискутира за Вардариште и Дрисла?!

Впрочем, проблемот со екоцидот од Вардариште и Дрисла поради кој две недели Скопјани дишат токсичен воздух е проблем за кој и тоа како треба да се дискутира и да се изнајде итно решение, но очигледно на советниците од ДПМНЕ поважен им е инаетот кој веќе три години го водат со нивниот кандидат за градоначалник!

Остануваат да лебдат прашањата:

1.Зошто советниците на ДПМНЕ избегаа од расправа за Вардриште и Дрисла?

2.Зошто советниците на ДПМНЕ се единствените советниците во Советот кои не дадоа поддршка за одржување на вонредна седница за Вардариште и Дрисла

3.Зошто како најмногубројна советничка група во Советот, советниците на ДПМНЕ не иницираа до сега вонредна седница за овие круцијални прашања на Скопје и Скопјани?

Ако мислите дека после изборите ќе биде поинаку, се лажете!

Не може решение за проблемот, да бидат истите луѓе кои го креираат проблемот или кои и сега можат да најдат решение, но не сакаат или едноставно не знаат!

Одговорите на прашањата погоре мислам дека и самите ги знаете!

Поврзани вести