четврток, 12 ноември 2026
Најново

Институт за јавно здравје тврди дека нема загадување во Трубарево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево.

Оттаму додаваат дека вчера испратиле обучен експертски тим од Институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа. Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности, без отстапување. Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по која се испитува, ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден. Во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема отстапувања во вредностите во однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода, кои се од друго потекло“, велат од Институтот за јавно здравје.

Околу примероците земени од почва за присуство на тешки метали, според соопштеното, резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни утре.

Поврзани вести