Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон го достигна најниското ниво откако дојде на власт во 2017 година, при што само 17 проценти од испитаниците го фаворизираат шефот на државата, според анкетата на Ипсос.
Според анкетата спроведена на 11 и 12 септември, популарноста на Макрон нагло опадна за седум процентни поени во споредба со јули 2025 година и изнесува 17 проценти одобрување, што е најниското ниво досега забележано откако тој дојде на власт во 2017 година, јавува Танјуг од француските медиуми. Дополнително, се забележува дека новоизбраниот премиер Себастијан Ле Корнеј, кој беше назначен од Макрон, веќе има висок негативен рејтинг и е непозната политичка фигура за многу испитаници. Анкетата на Ипсос покажа дека најпопуларните политичари кои ќе го заменат Макрон како претседател на Франција во 2027 година се лидерите на десничарската партија Национално собрание (RN), Жордан Бардела, со 35 проценти позитивни мислења и Марин Ле Пен со 32 проценти.



