четврток, 12 ноември 2026
Најново

Министерство за здравство тврди дека пациентот на Онкологија починал бидејќи бил во многу тешка состојба иако биле преземени сите потребни мерки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во врска со случајот со починатиот пациент на Клиника за онкологија, Министерството за здравство информира дека пациентот е донесен во исклучително тешка состојба, со 4 стадиум метастази на коски, што било констатирано пред една година и дадена терапија. Од страна на медицинскиот тим веднаш била иницирана постапка за обезбедување крвен дериват, стои во соопштението на Министерството за здравство во врска со случајот на пациентот кој денеска починал на Клиниката.

-За жал, додека трае оваа процедура, пациентот починал и покрај сите преземени мерки. Исто така, потенцираме дека семејството на пациентот одбило да се изврши обдукција. Наводите за губење на медицинската историја на пациентот се неточни, ниту имаат каква било поврзаност со третманот на пациентот, стои во соопштението.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Министерството за здравство упатува апел до јавноста за почитување на интегритетот, достоинството и професионалноста на сите лекари и здравствени работници. Вербалните и физички закани не смеат да бидат дел од општеството кое се стреми кон хуманост и грижа за здравјето.

-Секојдневната работа на Клиниката за онкологија и радиотерапија, но и на другите здравствени установи, носи големи предизвици и емоционален товар. Медицинските тимови постојано се соочуваат со тешки состојби и неизвесни исходи, вложувајќи максимални напори во спасување животи и обезбедување највисок можен квалитет на грижа, наведува Министерството.

Министерството уште еднаш потсетува дека лекарите се сојузници на пациентите и нивните семејства.

-Само преку заемна доверба, почит и поддршка можеме да изградиме здравствен систем кој обезбедува хуман и безбеден третман за сите, се наведува во соопштението на Министерството на здравство.

Пациент починал во рацете на својот син додека чекал пред Онкологија

Поврзани вести