четврток, 12 ноември 2026
Најново

Србија и Русија започнаа конкретни преговори за изградба на нуклеарна централа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Руската државна корпорација Росатом и српските власти започнаа конкретни преговори за проектот за изградба на нуклеарна централа, изјави за руските медиуми српскиот амбасадор во Русија Момчило Бабиќ.

„Сериозно разговараме за ова со Росатом. Верувам дека нема подобра компанија во светот за изградба на нуклеарна централа. Уверен сум дека ќе се постигне напредок во наредните години, бидејќи ни е потребна електрична енергија. Ќе го направиме тоа во секој случај“, нагласи амбасадорот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во ноември 2024 година, српскиот парламент ја укина забраната за изградба на нуклеарни централи, која беше на сила од 1989 година по катастрофата во Чернобил.

Поврзани вести