(Видео) Дали Тошковски призна дека ја вработиле сестрата на полицаецот загинат во Пулс со цел семејството да не бара оставка?

По вчерашното видео кое го објави Инфомакс, каде што сопругата на починатиот полицаец од Пробиштип во трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 62 лица, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во денешното гостување на Тв Сител, одговори на новинарско прашање дали имало поткуп и дали е точно дека сестрата на полицаецот била вработена за семејството да не бара оставка од министерот.

Според тврдењето на сопругата, сестрата на полицаецот била вработена на негово место, за семејството да не бара оставка од министерот, а тој во вечерашното интервју не го негираше тоа тврдење.

Исто така според неофицијални информации таа е вработена во Крим Техника во Полициска Станица Пробиштип.

Тошковски рече дека не знае како да одговори на ова и ако се мисли на тоа дека вработните во МВР се солидализирале и донирале на сметката која ја оставило семејството, тогаш тој се согласува дека имало поткуп.

Исто така изјави дека не е во ред маката и солзите на луѓето да бидат искористувани од „таканаречени медиуми“ во државата.

Сопругата на починатиот полицаец од Пробиштип го обвини Тошковски дека го поткупил неговото семејство за да не бара оставка

Пронајдете не на следниве мрежи: